Организации кои можат да поднесат предлог за номинации

 

    

  

Програмски одбор

 

 

 

Постапка за доделување на наградата

Постапката за доделување на наградата е регулирана со Правилник за доделување на наградата “Виртуози“, усвоен од управните органи на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.

Номинациите можат да бидат предлагани единствено од организациите утврдени од Програмскиот одбор. За наградата “Виртуози“ за 2012, утврдени се 15 организации со право за предлагање номинации:

 

Национални установи:

- Македонска филхармонија

- Македонска опера и балет

- Охридско лето

 

Високо образовни установи:

- Факултет за музичка уметност - Скопје

- Факултет за музичка уметност - Штип

- Катедра за музика при Факултетот за уметности - Тетово

 

Други организации и независни здруженија:

- Сојуз на композитори на Македонија (СОКОМ)

- Сојуз на музички уметници на Македонија (СМУМ)

- Дирекција за култура и уметност - Скопје

- Музичка младина на Македонија

 

 

Организациите со право на предлагање номинации за наградата “Виртуози“ може да предлагаат 3 кандидати во секоја категорија, најдоцна до 13 февруари 2014 година. Врз основа на добиените гласови од организациите, Програмскиот одбор составува официјална листа со три номинации во секоја категорија.

Официјалната листа на номинации се доставува до жири-комисија. Одлуката на жири-комисијата е конечна и се објавува на денот на доделувањето на наградите.

 

ПРАВИЛНИК